Мадиќ:Внимателно да се следат ризиците за појава на корупција и да се преземат мерки за нивна превенција
Говорејќи за корупцијата, Мадиќ посочи дека ефикасната превенција и борбата против корупцијата подразбира заштита на јавниот интерес и вредностите на демократското општество, а за таа цел и јакнење на интегритетот во институциите...

Заменик на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ се обрати и на вториот ден на меѓународната конференција која се одржува во Загреб „Иднината на проширувањето на ЕУ: Правосудство и темелни права“.
Говорејќи за корупцијата, Мадиќ посочи дека ефикасната превенција и борбата против корупцијата подразбира заштита на јавниот интерес и вредностите на демократското општество, а за таа цел и јакнење на интегритетот во институциите.
Комплексноста и софистицираноста на современите форми на корупција, развиени како резултат на глобалниот општествен и технолошки развој, нè повикува на градење иновативни стратегии за ефективна правна и институционална рамка за превенција и борба против корупцијата, со вклучување на современи алатки.
Во Република Северна Македонија воспоставена е сеопфатна правна и институционална рамка за превенција и борба против корупцијата.
Во правната рамка за спречување на корупцијата во поголем обем се вградени меѓународните стандарди и добри пракси.
