Харисон Форд се повреди на снимањето на „Војната на ѕвездите“
Инциднетот се случил вчера доцна попладне, во лондонските студија на „Пајнвуд“, каде се снима најновата верзија на ова филмско остварување...

Американскиот актер Харисон Форд кој учествува во снимањето на седмата епизода од серијата филмови „Војната на ѕвездите“ посериозно се повреди на снимање и итно е префрлен во болница.
Форд (71) има скршен зглоб на ногата, откако вратата од една гаража се урна врз него. Веднаш е побарана интервенција на службата за итна помош, која со хеликоптер го префрлила во една болница во реонот на Оксфорд.
Инциднетот се случил вчера доцна попладне, во лондонските студија на „Пајнвуд“, каде се снима најновата верзија на ова филмско остварување. За случајот е отворена и истрага откако била повикана и полицијата.
Претставник на компанијата „Лукасфилм“ изјави дека Форд ќе заздравува извесно време, но до неговото враќање на сетот, ќе продолжи снимањето според предвидената динамика.
Харисон Форд ја имаше главната машка улога во првите три, оригинални филма од „Војнаата на ѕвездите“ играјќи го ликот на Хан Соло.
