Суво овошје- добар извор на влакна и витамини
Препорачаната дневна доза на суво овошје може да варира во зависност од индивидуалните потреби и вкупниот внес на калории.
Сувото, сушено овошје е добар извор на влакна и витамини и нешто што не треба да се јаде само како прилог или да се користи како декорација. Погодно е за секојдневна здрава ужина комбинирајќи со солена и слатка храна, а здравствените придобивки се многубројни и разновидни.
Препорачаната дневна доза на суво овошје може да варира во зависност од индивидуалните потреби и вкупниот внес на калории. Сепак, грст сушено овошје на ден може да биде разумна количина за повеќето возрасни. Важно е да се балансира количината на суво овошје со друга храна не само поради количината на шеќер, туку и поради калориите.
Од популарните сушени овошја, најмалку шеќер имаат сувите кајсии, во споредба со сувото грозје и сувата брусница.