Џафери: Мислам дека Ахмети нема да прифати да биде претседателски кандидат
Џафери смета дека не е приоритет на Ахмети натпреварот по однос на носењето на функција.

Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател на државата.
Господинот Ахмети има мисија, а не е претендент за функција колку што знам. И мислам дека нема да прифати да биде кандидат. Нема потреба тој да покажува кој е и колку е после 50 години свој придонес во нештата во оваа држава, и за оваа држава и за граѓаните во оваа држава. Така што, негова мисија е Европа, Европска унија и си работи на таа мисија – рече Џафери при денешната посета на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје.
Џафери смета дека не е приоритет на Ахмети натпреварот по однос на носењето на функција.
Не мислам дека му е приоритет натпреварот по однос на носењето на функција. Да сакал функција, можел да ја има која било функција во овие 23 години, рече Џафери.
