Македонија

Пристигнуваат обрасци за пасоши, нема саботажа, тврди Бојмацалиев

20.02.2024 13:19

Министерот за внатрешни работи Тошковски вчера ги повика сите надлежни да помогнат за да се реши овој проблем...

Обрасците кои се пристигнати за патни исправи ќе бидат наменети само за итна постапка и за граѓаните кои ќе приложат лекарска документација дека поради здравствени причини мора да патуваат во странство. За преостанатите, не се знае кога ќе стигнат. Министерот за внатрешни работи Тошковски вчера ги повика сите надлежни да помогнат за да се реши овој проблем. Што вели дополнителниот заменик-министер на ова прашање и дали функционира електронскиот систем за проверка на патните исправи и за закажување, во Дневникот известува Марина Стојанова Тонева.