Скопје

Започна расчистувањето на „Ранка Милановиќ“

20.02.2024 14:07

Според техничкиот министер за труд и социјална политика, Велковски ова е првичната помош да се спречи евентуална зараза кај возрасните и пред сѐ децата кои се сместени во овој објект.

Започна акцијата за чистење на отпадот од дворот на објектот „Ранка Милановиќ“ каде се сместени бездомни лица. Според техничкиот министер за труд и социјална политика, Велковски ова е првичната помош да се спречи евентуална зараза кај возрасните и пред сѐ децата кои се сместени во овој објект.

„Живеат во крајно нехумани услови. Затоа денес заедно со градоначалникот Бобан Стефковски излеговме на терен за да со негова помош се исчисти дворот каде луѓето го минуваат секојдневието“, изјави Велковски.

„Со жалење можам да констатирам дека повеќе од две години наидував на ѕид од страна на Владата и министертсвото за да им помогнам на овие луѓе во чистењето на просторот кој ги опкружува бидејќи постои голем ризик да се развие епидемија. Неколку пати писмено го известував ресорниот министер, па и за петициите на граѓаните кои живеат одоколу, како и жалбите на околните компании кои гравитираат на овој простор“, рече градоначалникот на Гази Баба, Стефковски.

Инаку, министерот Велковски вети на системско решение за да овие луѓе добијат достоинствено социјално домување, што е во согласност со сите конвенции за заштита на човековите права.