Асанж во нов правен обид против екстрадиција
Асанж ја почнува можеби последната правна битка во Велика Британија за да избегне екстрадиција во САД и ново судење со долги затворски казни...

Асанж ја почнува можеби последната правна битка во Велика Британија за да избегне екстрадиција во САД и ново судење со долги затворски казни за оддавање воени тајни. Неговата сопруга бара можност за фер судење.
„САД го криминализираат истражувачкото новинарство. Тоа е напад на вистината. Она што му се случи на Навални може да му се случи и на Џулијан“, изјави Стела Асанж – сопруга на Џулијан Асанж.
На дводневното рочиште во Високиот суд во Лондон неговите адвокати ќе инсистираат да му се дозволи целосна жалба. Поддржувачите на Асанж се собраа пред судот и пред американската амбасада во Берлин.
„Се надевам дека судиите ќе донесат одлука и ќе му дозволат целосна жалба“,рече Кристијан Мир - заменик генерален секретар во „Амнести Интернешнл“-Германија.
„Треба да биде ослободен. Викиликс откри кршење на човековите права, а тоа не е кривично дело“, изјави Џон Рис – бесплатна кампања на Асанж.
Доколку Асанж не успее, може да им биде предаден на американските власти во рок од неколку недели и осуден за шпионажа.
