Изборниот законик сè уште не е донесен, партиите не се откажуваат од државни пари
Изборите се наближуваат, но изборниот законик сè уште не е изгласан. Невладиниот сектор, заедно со Антикорупциска и Државната изборна комисија предложија, рекламирањето на политичките партии да не се финансира со државни пари...

Партиите тешко дека ќе се откажат од државни пари за нивно изборно рекламирање. На два месеци пред изборите, согласни се дека ваква суштинска измена во Изборниот законик не може да биде донесена. Ако техничкиот премиер, Џафери, вели дека е против финансирањето на реклами со државни пари, неговиот сопартиец Груби има поинакво мислење.
Веднаш сме подготвени да ги гласаме измените во Изборниот законик кои се препораки на ОБСЕ/ОДИХР, вели првиот социјалдемократ Ковачевски.
ВМРО – ДПМНЕ која не учествуваше во работната група за измените, очекува дебата по прашањето на изборното рекламирање.
И додека е доцна за суштински измени во Изборниот законик, останува фактот дека декларативно големите го поддржаа барањето на помалите партии за цела држава една изборна единица, но ниту ова не стана законско решение.
Миле Ристески
