Африканската чума се шири во Македонија

20.02.2024 14:57

Африканската чума се шири во скопско-нерегистрираните семејни фарми извор на заразата-ветеринарите апелираат на редовни контроли...

Расте трендот на свинската чума во Македонија. До сега се регистрирани 62 жаришта. Надлежните алармираат да се прават чести контроли со цел спречување на ширење на африканската чума која го зафати и скопскиот регион. Ветеринарите велат дека месечно се јавуваат по 1 до 2 нови случаја на болеста токму кај нерегистрираните мали семејни фарми кои не обрнуваат внимание на биосигурносните мерки.

Македонија може да остане без свежо свинско месо, ако малите свињарски фарми не ги сфатат сериозно алармите за итно преземање мерки против африканската чума што е присутна во земјава, велат одгледувачите на свињи.

Фармерите алармираат овој податок да се сфати сериозно, ако не сакаме да се соочиме со огромни последици.

Мора да се преземаат итни мерки веднаш, оти последиците ќе бидат уште поголеми.

Од АХВ веќе алармираа дека оваа болест е поразителна за сите, оти може да нанесе сериозни проблеми во економијата. Од првиот случај во земјава, пред 2 години, а депопулација е извршена на преку 14.000 свињи.

 

 

Борис Грујоски