Бесими: Важно е проширувањето со Западен Балкан да биде на агендата на следниот претседавач со ЕУ
Бесими ја поздравил спремноста за поддршка во текот на нивното претседавање со ЕУ за приклучување на Западниот Балкан во ЕУ и додадал дека Европската унија е главен стратешки приоритет за Република Македонија...

Вицепремиерот Фатмир Бесими се сретна со заменик министерот за надворешни работи на Република Италија, Бенедето Дела Девода.Главен акцент бил ставен на приоритетите на италијанското претседателство со Унијата кое почна од јуни а ќе трае до декември годинава. Девода истакнал дека политиката на проширување е еден од врвните приоритети на Италија и дека сериозно ќе се ангажираат за поддршка на земјите од Западен Балкан за побрзо членство во ЕУ.
Тој додал дека ќе ја подржуваат нашата земја во нејзините напори за надминување на отворените прашања и во заложбите на Владата на Република Македонија за почнување на преговорите за членство со ЕУ.
Бесими ја поздравил спремноста за поддршка во текот на нивното претседавање со ЕУ за приклучување на Западниот Балкан во ЕУ и додадал дека Европската унија е главен стратешки приоритет за Република Македонија и дека нашата земја силно е посветена кон спроведување на реформите и исполнување на критериумите за членство во Унијата.
Двајцата соговорници исто така разговарале и за можностите за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји како на економски така и на културен план преку интензивирање на економската соработка и преку размена на културните практики на двете земји. Дополнително, било истакнато дека соработката може да продолжи и во однос на јакнење на капацитетите на македонската администрација во делот на владеење на право, јавните набавки, земјоделство и рурален развој, енергетика, јавното здравје, и финансиската контрола.
