МВР
Ограбена обложувалница во Скопје
20.02.2024 19:09
Доцна синоќа била ограбена обложувалница во Скопје, стои во полицискиот билтен...

Доцна синоќа била ограбена обложувалница во Скопје, стои во полицискиот билтен.
Според МВР, во 23.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Бит Пазар, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат од полицијата.
