Нереди на антивладините протести во Тирана
Опозициските демонстранти со молотови коктели и камења ја нападнаа зградата на албанската влада и полицијата, обвинувајќи ги властите за организиран криминал и корупција.

Нереди на антивладините протести во Тирана. Опозициските демонстранти со молотови коктели и камења ја нападнаа зградата на албанската влада и полицијата, обвинувајќи ги властите за организиран криминал и корупција. Бараат оставка од премиерот Рама. На протестот одбележани и 33 години од соборувањето на комунистичкиот диктатор, Енвер Хоџа. Опозицискиот лидер Сали Бериша им се обрати на демонстрантите преку видео врска од домашен притвор. Против него се води истрага за наводна корупција додека беше премиер од 2005 до 2013 година.
„Ја почнавме битката без враќање на нашата граѓанска непослушност против втората диктатура заснована на криминал, дрога, крадење, борба за ослободување на Албанија и албанците од срамната нарко-диктатура на Рама“, изјави Сали Бериша - поранешен премиер и лидер на опозициската Демократска партија.
