Грција
Фармерите останаа пред Парламентот во Атина
21.02.2024 08:57
Повеќе од 150 трактори останаа паркирани пред Парламентот во Атина. Фармерите бараат од владата уште пониски цени на струјата...

Мирно и масовно заврши протестот на земјоделците во Грција. Повеќе од 150 трактори останаа паркирани пред Парламентот во Атина. Фармерите бараат од владата уште пониски цени на струјата, но и земјоделската нафта да биде ослободена од данок.
Во однос на следните активности велат дека протест дополнително ќе ги одредат следните чекори. До исполнување на барањата. Во знак на поддршка земјоделците од северот ги блокираа и граничните премини на „Ники-Меџитлија“ и „Евзони-Богородица“ кон нашата земја.
Протестот во Атина доби поддршка и од студентите, синдикатите и разни други здруженија.
