Кина
Снежната бура создава проблеми во Кина
21.02.2024 09:00
Обилниот снег погоди големи делови од северна и централна Кина, откажувајќи и одложувајќи ги возовите и летовите во повеќе градови.

Обилниот снег погоди големи делови од северна и централна Кина, откажувајќи и одложувајќи ги возовите и летовите во повеќе градови. Голем број автопатишта се делумно или целосно затворени. Локалните власти на провинциите Хебеи, Хенан и Шандонг, издадоа предупредувања за опасност од патувања и од многу ниски температури и студено време.
Спроведени се итни мерки за справување со обилните снежни врнежи, а во тек се операции за контрола на сообраќајот и расчистување на снегот.
