Русија
Жалбата на мајката на Навални пристигна во судот во Салехрад
21.02.2024 09:41
Градскиот суд Салехард ја прими жалба од мајката на Алексеј Навални за незаконски дејствија и одлуки.

Градскиот суд Салехард ја прими жалба од мајката на Алексеј Навални за незаконски дејствија и одлуки. Разгледувањето на жалбата закажано за 4-ти март, ќе се одржи зад затворени врати.
Таа вчера побара да и биде предадено телото на нејзиниот син, но властите решија да го задржат уште 14 дена поради хемиско испитување.
ЕУ и САД најавија санкции кон Москва поради смртта на опозиционерот.
