Македонија
Нормализирано влегувањето во Грција преку преминот „Евзони“
21.02.2024 09:45
Преминот „Евзони“ од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути...

Од синоќа од 23 часот нормализирано е влегувањето во Грција преку преминот „Евзони“, кој од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути.
И на другите граничните премини со Грција, „Дојран-Дојрани“ и „Меџитлија-Ники“, протокот на патници и стока се одвива нормално.
Преминот „Ники“ за влез во Грција вчера беше блокиран од грчките земјоделци од 16 до 19 часот, кои, според информации оттаму, штрајкот и блокадите ги ставиле во мирување.
