Македонија

Уставниот суд и ОБСЕ потпишаа Меморандум за разбирање

21.02.2024 09:53

Уставниот суд и мисијата на ОБСЕ во Скопје склучија Меморандум за разбирање со кој се овозможува промоција и унапредување на принципите на владеењето на правото и основните права и слободи на граѓаните.

Мисијата на ОБСЕ се приклучува кон славењето на 60-годишниот јубилеј на Уставниот суд кој се одбележува годинава и по тој повод ќе ја поддржи Меѓународната конференција во март на која се предвидени учесници од 15-тина делегации, вклучувајќи претседатели и судии од повеќе уставни судови, експерти од областа на уставното судство. 

Не чека многу заедничка работа во овозможувањето поголема заштита за граѓаните и нивните права, пред сè, преку унапредување на капацитетите на судот, рече Кацарска, изразувајќи благодарност до амбасадорот Килијан Вал за препознавање на вредностите коишто ги промовира судот и неговата улога во правниот поредок. Вал ги нагласил заедничката заложба за заштита на човековите права, унапредувањето на транспарентноста и поткрепата на начелата на владеење на правото земјава.