Велика Британија

Асанж во исчекување на одлуката за екстрадиција

21.02.2024 09:58

Високиот суд во Лондон, денеска ќе ја обелодени одлуката за судбината на основачот на Викиликс...

Високиот суд во Лондон, денеска ќе ја обелодени одлуката за судбината на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Неговиот правен тим втор ден е во обид да ја оспори одлуката за негова екстрадиција во САД каде што го очекува ново судење за шпионажа за оддавање воени тајни. Неговата сопруга и поддржувачите велат дека неговиот прогон е политички мотивиран и е напад на вистината.

Бараат фер судење и дозвола за целосна жалба. Американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден му порача на „секој политичар и новинар“ дека не можат да го спасат рускиот опозициски лидер Навални, но дека можат да го спасат основачот на Викиликс.