МРТ
„Македонија наутро“ во ново студио по највисоки стандарди
21.02.2024 10:03
„Македонија наутро“ нуди внимателно селектиран, суштински и прониклив извор на информации и содржини од сите области, наменети за целата публика...

Утринската програма на МТВ од денеска во ново студио и со слика по најнови светски стандарди.
„Македонија наутро“ нуди внимателно селектиран, суштински и прониклив извор на информации и содржини од сите области, наменети за целата публика. Очекувајте линковски вклучувања од главниот град, но и од дописната мрежа на Македонската телевизија.
Гледајте ја утринската програма на јавниот сервис во ново руво и поинакво издание- три часа со актуелни теми и информации во текот на утрото.
