ЦУК: Во последното деноноќие вкупно 1.966 повици на единствениот број за итни случаи 112
Во последното деноноќие изгаснати се 18 пожари на отворено. Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112...
...

Во последното деноноќие изгаснати се 18 пожари на отворено, соопшти Центарот за управување со кризи.
На територија на РЦУК Скопје и РЦУК Тетово изгаснати биле по четири пожари, а на територија на РЦУК Битола, РЦУК Штип и РЦУК Куманово по три пожари. На територија на РЦУК Струмица изгаснат е еден пожар на отворено.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Во последното деноноќие имало вкупно 1.966 повици на единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 32,21 отсто, а 66,79 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полицијата биле упатени 60,32 отсто, кон итната медицинска помош 32,79, а кон пожарникарите 4,05 отсто од реалните повици кон 112, се наведува во соопштението на ЦУК.
