МВР

Тошковски: ЕУ нема да прави проблем за патување со пасоши со старото уставно име

21.02.2024 12:02

Земји членки на Европската унија изразуваат разбирање за прашањето со македонските патни исправи, информира министерот за внатрешни работи, Тошковски...

Земји членки на Европската унија изразуваат разбирање за прашањето со македонските патни исправи, информира министерот за внатрешни работи, Тошковски. Добил писмена информација дека комитетот за патни исправи на Европската комисија одржал состанок и дава мислење до земјите, да имаат разбирање за проблемот и да бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани кој се надвор од Македонија.

Сепак, министерот излезот од хаосот со пасошите го гледа во законодавниот дом, со изгласување на измените на законот за патни исправи.