Скопје

Конзерваторското мислење за 17-катницата кај Воена болница ќе се поништи

21.02.2024 12:50

„Во тој извештај стои дека издаденото конзерваторско мислење не е според правилникот за заштита на културното наследство, го вративме во првостепено одлучување и очекуваме да биде поништено уште денеска“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Незаконски било издадено конзерваторското мислење кое овозможи изградба на 17-катница кај Воената болница – ова го констатирала работната група во Министерството за култура. Министерката Костадиновска-Стојчевска побара негово итно поништување.

„Во тој извештај стои дека издаденото конзерваторско мислење не е според правилникот за заштита на културното наследство, го вративме во првостепено одлучување и очекуваме да биде поништено уште денеска“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Според нејзе, и другите институции треба да преземат чекори по поништувањето на мислењето.

Парцелата на која треба да се гради зградата се наоѓа непосредно до болницата „8 Септември“ која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство.

За добивање на градежна дозвола, според Законот за заштита на културно наследство, проектот мора да биде одобрен од Конзерваторскиот центар. Истиот центар, по едно негативно, даде позитивно мислење – кое сега треба да се укине.