Ракометната репрезентација на Македонија 19-та на најновата ЕХФ ранг-листа
21.02.2024 13:58
Водечка на листата е Данска со 432 бода, пред Франција со 424 и Шведска со 408.

Македонската ракометна репрезентација се најде на 19-то место на најновата ранг-листа на Европската ракометна федерација објавена денес. „Црвено-жолтите“ сега имаат 98 бода.
Водечка на листата е Данска со 432 бода, пред Франција со 424 и Шведска со 408.
Во Топ 10 најдобри европски ракометни репрезентации се уште и: Германија, Шпанија, Норвешка, Унгарија, Исланд, Хрватска и Словенија.