Турска бизнис делегација во посета на Македонија
13.06.2014 10:34
Целта е воспоставување на деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности...

Стопанственици од 15 турски компании од Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени (МУСАИД) од денеска ќе престојува во посета на Македонија.
Целта е воспоставување на деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.
Според најавите, за време на посетата на турската делегација, во организација на Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи македонско-турски бизнис форум.
Планирани се и билатерални разговори помеѓу компании од секторите градежништво и градежни материјали, текстил, млеко и прехрана, туризам, трговија.
