Поскапи катастарски услуги
Од пред неколку дена во сила е новиот тарифник на Катастарот. Дел од услугите се поскапени. Ако купувате стан, на посебни имотни листови ќе бидат станот, уделот во заедничките простории, земјиштето под зграда, гаражата. Па, ќе си платите и повеќе. Поскапеа и геодетите.

Не за 300, туку за 100% поскапеа катастарските услуги. Тоа значи дека за упис на нов стан, во Агенцијата за катастар за имотен лист наместо 1.250 денари, граѓаните ќе платат најмалку 3.750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари. Од Комората за геодетски работи велат тарифниците ќе удрат директно врз џебот на граѓаните.
Од Агенцијата за катастар на недвижности појаснуваат дека зголемувањето било направено поради зголемените трошоци за струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување опрема, раст на платите, кои биле основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување геодетски работи.
Граѓаните се тие кои ќе мора да платат поскапо, откако Катастарот го воведе новиот тарифник.
Цените во новиот тарифник за геодетски работи стапија во сила на 15-ти февруари годинава.
Борис Грујоски
