Свет

ЕУ со нови санкции против Русија

21.02.2024 18:45

200 организации и приватни лица се најдоа на листата на 13-от пакет санкции за Русија од ЕУ во пресрет на две годишнината од руската агресија врз Украина...

200 организации и приватни лица се најдоа на листата на 13-от пакет санкции за Русија од ЕУ во пресрет на две годишнината од руската агресија врз Украина.

На фронтот нови руски воздушни напади. Украинската одбрана тврди дека Русија лансирала 19 дрона и шест проектили. Стотици украински војници се исчезнати или заробени од руските единици за време на повлекувањето во Авдиевка.

Од Пентагон предупредуваат дека ако Украина остане без американска помош, Зеленски ќе мора да реши кои градови ќе може да ги задржи.