Политика
Стевчо Јакимовски ќе биде претседателски кандидат од ГРОМ
21.02.2024 19:21
Стевчо Јакимовски е кандидат на ГРОМ за претседател на државата...

Претседателот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е кандидат на оваа партија за претседател на државата.
Јакимовски во изјава за медиуми вечерва по седницата на Централниот одбор на ГРОМ соопшти дека добил поддршка од највисокото раководство на партијата да биде кандидат на партијата за претседател.
