Политика
Партиите започнаа со откривање на имињата кои ќе влезат во претседателската трка
21.02.2024 19:59
Партиите почнаа да ги откриваат имињата на кандидатите кои ќе влезат во трката за претседател...

Партиите почнаа да ги откриваат имињата на кандидатите кои ќе влезат во трката за претседател. Од СДСМ информираат дека раководството на партијата донело одлука да го поддржи Стево Пендаровски. Одлуката е донесена попладневно а деновиве се очекува да се најде пред членовите на Централниот и Извршниот одбор на партијата. Истече рокот на јавниот повик во ВМРО-ДПМНЕ, а изборот ќе биде познат идниот викенд. И ДУИ најави дека ќе настапи со свој кандидат. Дел од имињата се веќе познати во јавноста, а денеска и ГРОМ објави дека Стевчо Јакимовски ќе се кандидира за претседател. Известува Марина Стојанова-Тонева.
