ЕУ ја осуди одлуката на Русија да ја прогласи Радио Слободна Европа за непожелна
Европската унија ја осуди одлуката на Русија да ја прогласи Радио Слободна Европа, која е финансирана од САД, за „непожелна организација“, соопшти денеска портпаролот на ЕУ, Питер Стано...

Европската унија ја осуди одлуката на Русија да ја прогласи Радио Слободна Европа, која е финансирана од САД, за „непожелна организација“, соопшти денеска портпаролот на ЕУ, Питер Стано.
Стано на социјалната мрежа Х напиша дека ова е уште еден напад на Москва врз слободата на медиумите, изразувањето и плуралистичкиот пристап на граѓаните до информации.
„Русија треба да го укине законот за непожелни и странски агенти што се користи за репресија и замолчување на критичките медиуми“, напиша тој.
Министерството за правда на Русија вчера го додаде РСЕ на списокот на странски и меѓународни невладини организации чии активности се препознаваат како непожелни на територијата на Русија, објавено е на веб-страницата на Министерството.
