Мундијалска треска во Македонија
Иако Македонската фудбалска репрезентација не е дел од светската елита, секој до нас има свој фаворит...

Започна мундијалската треска во Бразил, но и во Макеоднија. Иако Македонската фудбалска репрезентација не е дел од светската елита, секој до нас има свој фаворит.
„Навивам за Бразил, но ќе видиме...Навивам за Бразил бидејќи е домаќин на првенството и мислам дека има најголеми шанси“, велат случајно анкетираните граѓани.
„Немам фаворит во овој натпревар, го гледам бидејќи започна светското првенство и уживам“, вели ракометарот на Металург, Ренато Вугринец.
„Сметам дека Бразил како домаќин е еден од фаворитите“, вели градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој го затекнавме како го гледа првиот натпревар од светското првенство на отворено.
По светското првенство во 1950 година, Бразил покрај Мексико, Италија, Франција и Германија е петтата држава во која по втор пат се одржува големиот фудбалски мундијал. Бразил ја посакува шестата титула во конкуренција на фаворитите Аргентина и Шпанија.
