Политика

Познати шест кандидати во трката за претседател

21.02.2024 21:54

Годинава интересна трка за претседател на изборите. Политичките партии ги откриваат имињата. СДСМ ќе се обиде за втор мандат на актуелниот претседател Стево Пендаровски. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека единствено професорката Силјановска Давкова поднела кандидатура. Денеска и ГРОМ објави дека Стевчо Јакимовски ќе се кандидира за претседател. Утре се очекува ДУИ да го открие името на кандидатот кој ќе се појави на избирачкото ливче. Останатите имиња, веќе се познати за јавноста. Во петок почнува собирање на потписи...

Од Социјалдемократскиот сојуз информираат раководството на партијата одлучило актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски повторно да влезе во претседателската трка. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор, по што ќе следат средби со коалиционите партнери. На 3-ти март ќе се одржи промотивната конвенција. За социјалдемократите Пендаровски е победничкиот кандидат со најголем коалиционен капацитет. ДУИ најавува голема вест. Во јавноста најмногу циркулира името на министерот за надворешни работи Османи, како претседателски кандидат на интегративците.

Професорката Гордана Силјановска Давчева е претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. На јавниот оглас таа била единствената која се пријавила – велат од партијата. На 2-ри март ќе се одржи конвенцијата за промоција на кандидатот на најголемата опозициска партија.

Учество во претседателската трка најави и првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Партиите од албанскиот опозициски корпус се престроија зад кандидатурата на Таравари од Алијансата за Албанците. Една од трите постулати за кои тој ќе се залага е и во иднина шефот на државата да се избира во македонското Собрание.

Поддршка од граѓаните преку собирање на потписи ќе бараат Д-р Вело Марковски и проф. Билјана Ванковска кандидатот на Левица.

 

Марина Стојанова-Тонева