Министерот Николовски во посета на земјоделците од Велес
Во рамки на планираните активности министерот Николовски најпрвин ќе ја посети браната Лисиче, каде е предвидена реализацијата на проектот за изградба на цевковод за наводнување на земјоделските површини...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе биде во работна посета на општина Велес. Во рамки на планираните активности министерот Николовски најпрвин ќе ја посети браната Лисиче, каде е предвидена реализацијата на проектот за изградба на цевковод за наводнување на земјоделските површини.
Потоа министерот Николовски во компанијата Кристал ќе оствари средба со земјоделци производители на сончоглед. По средбата со земјоделците министерот Николовски ќе даде изјава за медиумите, најавија од Министерството.
Средби со земјоделци, добитници на трактор, министерот Николовски ќе оствари и во селата Иванковци и Сојаклари.
