Македонија

Амбасадорот на Јапонија, денеска ќе потпише договори за грантови за пет проекти

22.02.2024 08:32

Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска ќе потпише договори за грантови за пет проекти во рамки на GGP Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност...

Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска ќе потпише договори за грантови за пет проекти во рамки на GGP Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, во вкупна вредност од над 300.000 евра.

На церемонијата што ќе се одржи во хотел Мериот во Скопје, како што најавуваат од Јапонската амбасада, ќе се обратат првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за здравство Илир Демири и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Грант договорите што ќе бидат потпишани се однесуваат на Проект за набавка на дигитален рендген за ЈЗУ Здравствен дом Неготино, Проект за набавка на комунално возило за општина Ранковце, Проект за набавка на ултразвук за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Проект за реконструкција на покривот на ОУ „Раде Кратовче“– Кочани и Проект за подобрување на објектот на Универзитетската Клиника за дигестивна хирургија – Скопје.

 

 

 

 

 

Фото: ФБ: Македонија/Јапонија