Велика Британија

Одлуката за екстрадиција на Асанж најрано во март

22.02.2024 08:39

По завршувањето на дводневната расправа на судиите во Вишиот суд во Лондон ќе им биде потребно време да разгледаат и решат дали да му дозволат нова жалба...

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж ќе ја знае одлуката за негова екстрадиција во САД најрано во март. По завршувањето на дводневната расправа на судиите во Вишиот суд во Лондон ќе им биде потребно време да разгледаат и решат дали да му дозволат нова жалба. Доколку одлуката е против него, Асанж може да побара од Европскиот суд за човекови права да ја блокира неговата екстрадиција.

Неговите поддржувачи стравуваат дека тој би можел да биде екстрадиран во САД пред Европскиот суд што било да одлучи, бидејќи британската влада веќе го потпиша налогот за екстрадиција.

Асанж е обвинет за шпионажа поради оддавање воени тајни – тврдат САД.