Русија

Судот му забрани учество на Надеждин на изборите

22.02.2024 08:53

Надеждин ветуваше дека доколку дојде на чело на државата-запирањето на конфликтот во Украина ќе биде негова главна цел, а одбивањето на властите да го регистрираат за претседателските избори, ја истакна одбивноста на Кремљ од секое јавно противење на постапките на Путин...

Московскиот суд ја потврди забраната за учество на либералниот руски политичар, Борис Надеждин на претстојните претседателски избори следниот месец, на кои се очекува Путин да добие уште еден шестгодишен мандат.

Надеждин ветуваше дека доколку дојде на чело на државата-запирањето на конфликтот во Украина ќе биде негова главна цел, а одбивањето на властите да го регистрираат за претседателските избори, ја истакна одбивноста на Кремљ од секое јавно противење на постапките на Путин.

Судската пресуда со која се отфрли жалбата на Надеждин, уследи по смртта на главниот непријател на Кремљ, Алексеј Навални.