Јужна Кореја
Обилни врнежи снег создадоа проблеми во Сеул
22.02.2024 08:56
Снежната покривка достигнала речиси 14 сантиметри...

Обилниот снег кој го прекри јужнокорејскиот главен град Сеул и околните региони во текот на ноќта создаде огромен сообраќајниот метеж и одложувањата на јавниот превоз ги попречија патниците. Снежната покривка достигнала речиси 14 сантиметри.
Кашестите и замрзнати патишта предизвикаа сообраќаен метеж и доцнење на јавниот превоз во метрополитенската област Сеул, но не се пријавени смртни случаи или повредени од снегот од регионот на главниот град.