Хрватска

Серија земјотреси ја погодија Хрватска

22.02.2024 09:01

Во 07:03 часот е регистриран нов земјотрес во Хрватска на Пељешац со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала...

Во 07:03 часот е регистриран нов земјотрес во Хрватска на Пељешац со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава на територијата на Хрватска, а тресење на земјата е почувствувано и во Босна и Херцеговина.

Епицентарот на земјотресот, кој е регистриран во 5:07 часот, бил во областа Метковиќ, на 5 километри југозападно од Неум, на длабочина од 6 километри, соопшти ЕМСЦ.