АМСМ

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

22.02.2024 09:17

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен...

Сообраќајот на експресниот пат А3 Штип – Велес, во близина на бензинската пумпа „Мики Петрол“ се одвива наизменично со пропуштање на возилата по една коловозна лента, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.