Австралија
Неконтролиран шумски пожар во Викторија
22.02.2024 10:58
Околу две илјади луѓе се евакуираат поради ризик од проширување на огнената стихија во австралиската сојузна држава Викторија...

Неконтролиран шумски пожар во австралиската сојузна држава Викторија. Пламенот се приближува кон градот Баларт. Околу две илјади луѓе се евакуираат поради ризик од проширување на огнената стихија.
Во гаснењето на пожарот учествуваат околу илјада пожарникари, 24 противпожарни авиони и 100 возила распоредени во областа.
