Собрание

Комисијата за избори и именувања ги прифати барањата за апанажа на Ковачевски и Спасевски

22.02.2024 12:09

Ковачевски и Спасовски аплицирале и добија апанажа од 2.500 евра во следните 12 месеци ...

Собраниската Комисија за избори и именувања ги прифатила барањата за апанажа на поранешниот премиер Ковачевски и министер за внатрешни работи Спасовски. Ковачевски и Спасовски аплицирале и добија апанажа од 2.500 евра во следните 12 месеци.

Освен правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење на службено возило, што на поранешниот премиер му следува согласно законот за возила.

Правото на апанажа ќе го користат и поранешните членови на Комисијата за заштита од дискриминација, поранешната претседателка Весна Бендевска и членот Исмаљ Камбери.