Ослободителна пресуда доби Сашо Мијалков за случајот „Трезор“
Поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков доби ослободителна пресуда за случајот „Трезор“. Слобода добија и останатите обвинети, Горан Грујевски и Тони Јакимовски.

Поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков доби ослободителна пресуда за случајот „Трезор“. Според судијката која го водеше предметот, јавниот обвинител не докажал дека обвинетите го сторите делото за кое се обвинуваат.
Слобода добија и останатите обвинети, Горан Грујевски и Тони Јакимовски. Поради апсолутна застареност постапката запре постапката против обвинетиот Небојша Стајковиќ.
Ова е втора пресуда за случајот откако Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на обвинетите и во 2022 година ја укина првостепената пресуда која беше донесена во 2021 година. Мијалков од Кривичниот суд беше осуден на 8-годишна казна затвор. Со одлуката на второстепениот суд се укинаа и казните на останатите.