Статистика

Просечната плата во декември 39.998 денари

22.02.2024 13:05

Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27,1 %) и Градежништво (21,8 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39.998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27,1 %) и Градежништво (21,8 %).

Просечната бруто-плата во декември 2023 година, изнесувала 60.036 денари.