Катастар

Бура од реакции по новото поскапување на катастарските услуги

22.02.2024 14:19

Бура од реакции во јавноста по поскапувањата на катастарските услуги. Граѓаните се тие кои ќе мора да платат поскапо, откако Катастарот го воведе новиот тарифник...

Бура од реакции во јавноста откако поскапеа катастарските услуги. Граѓаните принудени да си платат повеќе за да добијат документите, револтирани велат на скапотијата и нема крај.

„Катастрофа, ова е премногу. Неиздржливо за наши услови“, изјави граѓанин.

Од Агенцијата за катастар на недвижности молк. Се обративме до надлежните, но одговор не добивме.

Првиот човек на Катастар Борис Тунџев, го нема никаде да каже на што се должи поскапување на катастарските услуги.

За упис на нов стан, наместо 1.250 денари, граѓаните плаќаат најмалку 3.750 денари. Според новиот правилник, ако до сега во имотен лист покрај квадратурата се пишуваа и земјиштето под зградата и заедничките простории, сега за секој од нив треба да се вади посебен документ. Имотен лист во фаза на градба чини 5.250 денари, а бришење на предбележување на услугата ќе изнесува 2.625 денари. И за гаража ќе треба да се плати за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.

Цените во новиот тарифник стапија во сила на 15-ти февруари годинава.

 

Борис Грујоски