Голема кашлица

Зголемен е интересот за имунизација на деца

22.02.2024 13:34

По зголемениот број на заразени со голема кашлица, на пунктовите за имунизација интересот за примање вакцина не стивнува...

По зголемениот број на заразени со голема кашлица, на пунктовите за имунизација интересот за примање вакцина не стивнува. Најмногу има деца кои ги пропуштиле ревакцините со ди-те-пер.

„За период од 1 јануари до 8 февруари имало 669 вакцинирани деца од предучилишна возраст, во следниот период, односно од 9 до 21 февруари се вкупно вакцинирани 872 деца. Исто така, комплетно вакцинирани со пертусис на училишна возраст во периодот од 1 јануари до 8 февруари биле 127 деца, а во следниот период – 264 деца“, информираше заменик-министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева.

Ана Јосифовска Тодоровска со повеќе информации од поликлиниката „Јане Сандански“.