ГЕРМАНИЈА
Напад во училиште во Германија, тинејџер со нож нападнал соученици
22.02.2024 14:11
Напаѓачот е приведен. Според полицијата, тој и самиот е повреден, а се сомнева дека повредите сам си ги нанел...

Најмалку четири деца се повредени во напад во гимназија во германскиот град Вупертал. Тинејџер со нож, од засега непознати причини, упаднал во училиштето и почнал да ги боде.
Напаѓачот е приведен. Според полицијата, тој и самиот е повреден, а се сомнева дека повредите сам си ги нанел.
Како што се наведува, полицајците го затекнале како седи на под облеан во крв.
