Почнува трката по светска слава и престиж
Во Србија, каде што пред точно една година беше собрана европската елита, веќе пристигнаа ракометарките кои ќе ги бранат боите на 24-те селекции учеснички на завршниот планетарен турнир.
Од вечерва па до 22 декември во Белград, Ниш, Нови Сад и во Зрењанин, стартува трката по слава и престиж, кој со медал ќе си замине од 21-от женски ракометен мундијал.
По Светското првенство 1995-тата кога на највисокото место на пиедесталот се искачи Јужна Кореја, повеќе од декада и половина не се случило со златниот медал да не се заките неевропска селекција.

Во Србија собрани, бранителот на трофејот Норвешка, сребрената Франција и бронзените шпанки. Присутни на местото на историскиот подвиг и европските првенки, црногорките, бронзените унгарки, а домашните ракометарки србинките она што го пропуштија лани ќе се обидат да го зграпчат годинава, подиумот.
Оние кои ги нема на списокот учеснички се четирикратните светски освојувачки, русинките кои во јунскиот плеј-оф беа елиминирани од Холандија.
Од секоја група, четирите првопласираните продолжуваат во 1/8-на финале, па во 1/4 и 1/2 финале по коешто ќе се добие конечниот расплет на 21-то ракометно случување.
А група Б група Ц група Д група
Црна Гора Данска Норвешка Унгарија
Холандија Бразил Полска Германија
Конго Србија Ангола Романија
Ј. Кореја Јапонија Шпанија Чешка
Франција Кина Аргентина Тунис
Доминиканска Р. Алжир Парагвај Австралија
Ирена Андреевска - Димитриевска