ЕУЛЕКС останува во Косово до 2016 година

13.06.2014 14:09

Европската Унија ќе ја продолжи својата мисија за владеење на правото и правдата во Косово за уште две години, односно до јуни 2016 . Мисијата ЕУЛЕКС во која има 2000 луѓе, почна во 2008 , веднаш откако Косово прогласи независност од Србија во обид да и се помогне на Приштина во градењето на институциите и владеењето на правото.

ЕУ во соопштението наведува дека сега мисијата ќе се фокусира на градење на капацитетите низ земјата, безбедноста и спроведувањето на договорите постигнати со Србија за време на преговорите со посредство на Унијата.