Избори 2024

Максим Димитриевски- кандидат за претседател на ЗНАМ

22.02.2024 14:46

Оваа одлука ја донел извршниот одбор на ЗНАМ и му ја предложил на првиот конгрес на партијата.

Кандидат за претседател од редовите на движењето ЗНАМ е Максим Димитриевски, актуелен градоначалник на општина Куманово, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот Никола Мемов. Оваа одлука ја донел извршниот одбор на ЗНАМ и му ја предложил на првиот конгрес на партијата.

„На Македонија ѝ е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата. На Македонија ѝ е потребна предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда и иднина. На Македонија е потребен претседател кој ќе го даде максимумот за неа. На Македонија ѝ е потребен Максим Димитриевски. На овие избори граѓаните за првпат ќе имаат можност да го дадат својот глас за одредена опција, а не како досега да гласаат против“, изјави Мемов.

Од движењето најавија дека од утре започнува постапката за собирање потписи и граѓанска поддршка за нивниот кандидат за претседател.