Се комплетира листата кандидати за претседателската трка
Се комплетира листата кандидати за претседателската трка. Деветмина претенденти за најпрестижната функција . Од утре почнува собирањето потписи...

Нужни се големи и длабоки реформи, време е за женска димензија во политиката, вели Гордана Силјановска Давкова кандидатка за шеф на државата на ВМРО-ДПМНЕ. Консензус со сите, доближување до суверенот на државата – народот, почит кон самите себе си, постулати од нејзината програма. Кандидатурата ќе биде промовирана на Конвенцијата на партијата на 2-ри март.
Актуелниот претседател Пендаровски повторно претендент да остане во фотељата во Вила Водно. Кандидат на СДСМ на претстојните избори. Одлуката ја донело раководството на партијата. Ќе биде разгледана и потврдена на Извршниот и Централниот одбор.
ДУИ го кандидира шефот на дипломатија Бујар Османи за претседателските избори. И додека сите молчат околу постизборните коалиции лидерот на партијата не ја исклучува можноста за формирање на Влада со ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние не наметнуваме која ќе биде волјата на нашите сограѓани, ние имаме наша програма политичка платформа, не само во интерес на Албанците туку на сите граѓани, но нашите линии се ноторни секоја политичка партија која го оспорува Охридскиот рамковен договор договорот за добрососедство, договорот за Преспа ја оспорува независноста на Косово, со нас не може да има дијалог“, вели Ахмети.
Зад кандидатурата на Арбен Таравари претседателот на Алијансата застана обединетата албанска опозиција – Сојуз за европски промени. Една од трите постулати за кои тој ќе се залага е и во иднина шефот на државата да се избира во македонското Собрание.
И градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски – претседател на партијата ЗНАМ номиниран за учество во претседателски ИЗБОРИ.
За прв пат Бошњачкиот демократски сојуз со свој кандидат на изборите. Мерсиха Смаиловиќ е третата жена која на овие избори ќе ја бара довербата од граѓаните за шеф на државата.
И Стевчо Јакимовски од ГРОМ влегува во трка на претседателските избори.
Први својата кандидатура ја објавија проф. Билјана Ванковска како кандидат на Левица и Д-р Вело Марковски како независен кандидат.
Марина Стојанова-Тонева
