Земјоделскиот сектор „рај“ за сивата економија
Сивата економија во земјава учествува со 33 проценти во бруто домашниот производ. Најголемо учество во сивата или скриена економија има земјоделскиот сектор со преку 50 проценти од сите дејности. Истражувањата ги направи невладината „Лаг Агролидер“ во Пелагонискиот регион...

Само 5 насто од ангажираните во земјоделскиот сектор во Пелагонискиот регион имаат некакви договори за работа, а преку 40.000 лица се неформално ангажирани во Секторот. Ако се додаде дека преку 50 насто е неформалниот ангажман во земјоделската од сите дејности во државава, неопходни се државни мерки и инспекциски контроли за сузбивање на сивата економија во земјоделскиот сектор. Ова се анализите од истражувањето на невладината „Лаг Агролидер“. Има и препораки.
Скриената економија зависи дали производителите продаваат преку регистрирани откупувачи.
Продажбата на производството на нерегистрирани купувачи оневозможува и користење субвенции.
Во земјава, сивата економија учествува со 33 проценти во бруто домашниот производ.
Елизабета Митреска
